| четврток, 6 декември 2018 |

Турски компании се запознаа со инфраструктурните проекти во Македонија

 пат

Пред компании од Асоцијацијата на млади бизнисмени ТУГИАД заинтересирани за инвестиции во Македонија се претставени инфраструктурните проекти во патната и железничката инфраструктура, гасификацијата и проектите од туризмот во државава.

Се работи за компании од градежниот сектор, хотелиерството, енергетиката и рударството, автомобилската индустрија и железничкиот сектор, пред кои за инфраструктурните проекти и најавените инвестиции во Македонија зборуваше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во посета на Турција.

За проектите што се реализираат за подобрување на инфраструктурата во Македонија Јанакиески информирал и на средба со турскиот колега Лутви Елфан. – На средбата е договорена размена на 100 дополнителни транспортни дозволи за 2014 година  кои македонските превозници ќе можат да ги користат – се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top