Радмила Шекеринска кога не е на мисија да ја кодоши и омаловажува својата земја во странство, кога не присуствува на гала ексклузивни забави кај што се пие најскап шампањ, кога не е зафатена со броење на парите од кириите од становите кои сама на себе си ги плаќа, или уживање во свекрвините викендички, тогаш за да го пополни слободното време седнува во својот луксузен џип и оди на средба за да глуми блиска со народот и обично држи говори со веќе познати, милион пати слушнати празни демагогии – напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ; Зоран Ѓоргиевски на својот фејсбук профил.
Тој обвини дека потпретседателката на СДСМ е соучесник или директен учесник во најголемите проблеми на македонскиот народ, аминувач на транзицијата,одобрувач на намалувањето на пензиите и промотор на најголемата лага за вработување на по еден член од секое семејство.
-20 години е во политика и јавноста не ја памти по ниту еден проект, освен по скапите штикли и монденската гардероба. Како дел од највисокио врв на СДСМ, Шекеринска имаше прилика да направи барем едно дело за народот, ама тоа не го направи. Затоа јавноста ја казни и не и дава доверба, народот го казни гледањето одозгора, скапите ташни и гардероба која ја носи, ароганцијата, отсутноста, потценувањата кои им ги направи. Затоа Шекеринска не само кај народот, туку веќе нема поддршка и во својата партија. Таа мисли дека ако не обвинува нас ќе ја замае јавноста да не ја гледа неа и нејзините недела. На кумановци очекувавме да им каже како ќе реши некој проблем и да им објасни зошто Куманово, како резултат на власта на Циц од напреден град се претвори во касаба. Тоа требаше да го каже, а не да повторува фрази кои ги употребува пред секои избори, секогаш не обвинува и секогаш губи.Единствена причина за нејзините порази се нејзината неумешност, гневот кој го има и немањето трудољубивост и желба за работа. Таа е генератор на омразата на СДСМ и генератор на штетните постапки на СДСМ кон сопствената држава – стои во статусот на пратеникот од владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Радмила Шекеринска не можат да бидат решение за проблемите во Република Македонија – тие се проблемот на оваа држава
-
Шекеринска: Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати
-
Шекеринска потврди: МО ќе оддели милион евра за кампањата за референдумот
-
Тонч за Шекеринска од 2010: Да сакаше СДСМ досега 10 пати ќе го променевме името