Очигледно медениот месец на Анџелина Џоли и Бред Пит не поминува баш медено.
Вљубениот пар е фатен за време на голема расправија. Драмата помеѓу Анџелина и Бред се случила на балконот на нивната хотелска соба во Сиднеј.
Сведоци споделиле дека актерите навистина многу жестоко се карале и дека Анџелина очигледно не била задоволна од својот сакан и неговото однесување.
Но и покрај жестоката караница, неколку часа подоцна венчаната двојка се појавила на премиерата на новиот филм на актерката, во совршено расположение и не престанале да се милуваат и бакнуваат. До моментов сеуште не е јасна причината за расправијата помеѓу Анџелина Џоли и Бред Пит, кои официјално си рекоа „Да“ пред 3 месеци во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Стотици пожарникари се борат со огнена стихија близу Сиднеј
-
Голем пресврт: Испливаа нови детали од разводот на Анџелина и Бред, актерката шокираше со одлуката
-
Кога Босанци ќе се скараат во Австрија: Извадил лопата од багажник и му го демолирал „Бе-ем-ве“то
-
Инцидент во скопски хотел: Пијан гостин се расправал заради сметка за кафе, обезбедувањето морало да интервенира








