Невработеноста во Франција забележи нов пораст во октомври, па дури и кај младите на возраст под 25 години, јави МИА од Париз.
Бројот на невработените од категоријата А (без никаква активност) се зголеми за 0,8 отсто во текот на октомври, по зголемувањето од 0,6 отсто во септември. Во бројки тоа претставува 28.400 нови невработени, односно вкупно 3,46 милиони лица немаат работа.
Кога на оваа категорија на невработени ќе им се додадат категориите Б и Ц (лица кои работата со намалено работно време) бројот на сите невработени во Франција изнесува 5,45 милиони невработени.
Само за една година бројот на невработените од категоријата А се зголеми за 5,5 отсто. Француската влада во ваквата тешка економска коњуктура планира да ги задржи мерките за т.н. „помогнати вработувања“, односно директна помош од државата за работодавците. За 2015 година се превдиени 445.000 потпомогнати работни места.
Покрај социјалниот третман на невработенсота, извештајот на францускиот и германскиот економист Писани-Фери и Ендерлеин повикува да се олеснат мерките кои го регулираат пазарот на трудот во Франција. Односно да се намали цената и роковите за „отпуштања“ со што би се дозволило склучувања нови работни договори на работни места. Двата економисти се залагаат за поголена флексибилност но комбинирана со поголема сигурност за работните места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.