Во второто полуфинале во Судамерикана купот во Јужна Америка, пандан на Лига на Европа, се сретнаа вечните ривали, аргентинските гиганти Ривер плата и Бока јуниорс.
Најголемото светско дерби во првиот натпревар на стадионот на Бока, „Бомбониера“, заврши без победник 0-0, додека вториот на стадионот на Ривер, „Моњументал“ беше вистинска фешта. Навивачите на двата тима со прекрасни кореографии и пиротехнички средства додадоа штимунг на ова дерби.
Можеби клучниот момент на натпреварот се случи уште на самиот почеток, поточно во втората минута кога голманот на домаќините Марсело Бонаверо успеа да одбрани пенал.
Леонардо Пискуличи успеа да го постигне едниствениот гол на натпреварот во 16 минута и да го пласира својот тим во финалето против Атлетико Национал од Колумбија, кој во првото полуфинале славеше над Сао Пауло по изведувањето пенали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)