Предавање на тема „Архетипите во јапонскиот филм“ денеска на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк“ ќе одржи проф. д-р Андријана Цветковиќ, гостувачки професор од Универзитетот во Кјото, Јапонија.
Предавањето е вовед во серијата предавања за јапонскиот филм кои проф. Цветковиќ ќе ги одржи во тековниот семестар на ЕСРА.
Андријана Цветковиќ е филмски научник и режисер. Магистрирала на Филмската академија во Софија во 2005 година, во класата на познатиот бугарски режисер Људмил Стајков. Истата година заминува на специјализација во Јапонија, а во 2009 година докторирала на најреномираниот јапонски универзитет за филм „Нихон“ во Токио. Од 2009 до 2011 година е научен соработник во Центарот за научни истражувања при тој универзитет, а од 2011 година е научен соработник во Интернационалниот центар за јапонски студии во Кјото.
Цветковиќ има објавено трудови во повеќе интернационални научни списанија, a учествувала и на многу конференции и семинари во светот. Како режисер и сценарист ги има остварено филмските дела „Пурпур и злато“ и „Времето на бранот“ , за кои има освоено и награди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура