| четврток, 6 декември 2018 |

Предавање за јапонскиот филм на ЕСРА

andrijanacvetkovik

Предавање на тема „Архетипите во јапонскиот филм“ денеска на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк“ ќе одржи проф. д-р Андријана Цветковиќ, гостувачки професор од Универзитетот во Кјото, Јапонија.

Предавањето е вовед во серијата предавања за јапонскиот филм кои проф. Цветковиќ ќе ги одржи во тековниот семестар на ЕСРА.

Андријана Цветковиќ е филмски научник и режисер. Магистрирала на Филмската академија во Софија во 2005 година, во класата на познатиот бугарски режисер Људмил Стајков. Истата година заминува на специјализација во Јапонија, а во 2009 година докторирала на најреномираниот јапонски универзитет за филм „Нихон“ во Токио. Од 2009 до 2011 година е научен соработник во Центарот за научни истражувања при тој универзитет, а од 2011 година е научен соработник во Интернационалниот центар за јапонски студии во Кјото.

Цветковиќ има објавено трудови во повеќе интернационални научни списанија, a учествувала и на многу конференции и семинари во светот. Како режисер и сценарист ги има остварено филмските дела „Пурпур и злато“ и „Времето на бранот“ , за кои има освоено и награди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top