| четврток, 6 декември 2018 |

Интерпол бара итно апсење на рускиот милијардер Сергеј Пугачов

Interpol's website page on Sergei PugachevИнтерпол денеска побара итно да биде уапсен рускиот милијардер Сергеј Пугачов, сопственик на повеќе имоти во странство, меѓу кои и францускиот синџир продавници за скапи прехранбени производи „Едиар“, објави меѓународната полициска организација.

Олигархот, што претходно беше близок до Кремљ, денеска живее во егзил во Лондон. Тој е ставен на црвениот список на Интерпол, со што се замрзнати неговите меѓународни сметки на барање на руското правосудство.

Милијардерот е обвинет за злоупотреби и измами во голем размер. Доколку се покаже за виновен, тој се соочува со затворска казна од десет години во Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top