Медицински официјални лица во Амстердам предупредуваат на опасни наркотици, кои во тој град им се продаваат на туристи, откако тројца Британци починаа кога шмркале хероин мислејќи дека е кокаин.
На Централната станица во Амстердам е поставен голем натпис: Исклучително опасен кокаин им се продава на туристи во оваа област.
Според полицијата, кампањата почнала откако во вторникот двајца Британци на возраст од 20 и 21 година биле пронајдени мртви во хотелска соба откако шмркале „бел хероин“ верувајќи дека е кокаин. Истиот вид наркотик е поврзан и за смртта на уште еден британски турист минатиот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.