| четврток, 6 декември 2018 |

(Вознемирувачко видео) Мизерен третман за починатиот навивач на Црвена звезда

Навивачот на Црвена звезда, Марко Ивковиќ, го загуби животот, откако беше прободен со нож во инцидент со навивачите на Галатасарај, а на „Јутјуб“ се појави досега необјавено видео од транспортот на речиси безживотното тело на 25-годишното момче во една од турските болници.

Третманот е благо речено несоодветен, а, секако, не е препорачливо да се погледне за тие што имаат слабо срце.

По неколку дена од инцидентот во кој животот го загуби Ивковиќ, турската полиција го упаси напаѓачот кој е осомничен за убиството. Денеска тој е приведен, а една од турските телевизии објави снимка од апсењето.

turk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top