| четврток, 6 декември 2018 |

Шестмина загинати, напад врз возило на британската амбасада во Кабул

bombaНајмалку шест лица загинаа, меѓу кои еден Британец и петмина Авганистанци, во напад на бомбаш-самоубиец врз возило на британската амбасада во Кабул, соопшти авганистанската полиција.

– Еден британски државјанин е убиен во денешниот напад – изјави портпаролот на полицијата, Хашмат Станакзаи.

Бомбашот-самоубиец удри со автомобил полн со експлозив во возило на британската амбасада во најновиот напад во авганистанскиот главен град.

Во експлозијата се повредени 34 минувачи, меѓу кои пет деца.

Британската амбасада соопшти дека меѓу повредените има нејзини вработени.

Силната експлозија можеше да се слушне во целиот град, а густ чад се издигнуваше над местото на нападот на патот Џалалабад, каде што се сместени голем број странски преставништва и воени објекти.

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Седик Седики, изјави дека во нападот се уништени три возила.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, чиј портпарол напиша во порака дека бомбашот-самоубиец нападнал странски инвазиски трупи и дека во нападот има голем број загинати и повредени лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top