| четврток, 6 декември 2018 |

Вегетаријанците повеќе страдаат од депресија

Вегетаријанците се поздрави од луѓето што јадат месо бидејќи помалку пушат, помалку пијат и физички се поактивни, но, сепак, повеќе страдаат од депресија и анксиозност.

Доктор Џон Ланг изјави дека вегетаријанството понекогаш е знак за ментално нарушување. Исхраната не е причина, туку симптом. Луѓето кои се посветени на вегетаријанството главно се наоѓаат на работ на некое од нарушувањата на опсесивно компулксивниот спектар, истакна Ланг.

Истражувањето засновано врз податоците добиени од 50 илјади испитаници покажало дека вегетаријанците се помалку оптимисти, а 28 отсто од нив страдаат од напади на паника и анксиозни нарушувања.

Исто така, имаат 18 проценти поголема шанса да страдаат од депресија во однос на останатите луѓе. Едно германско истражување од 2012 година, кое опфатило четири илјади вегетаријанци и луѓе кои јадат месо, исто така, го поврзува вегетаријанството со поголем ризик за депресија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top