Лидерите на ДПК и ДСК Хашим Тачи и Иса Мустафа формираа коалиција, но не веруваат еден на друг, пишуваат приштинските медиуми.
Според тврдењата на медиумите, Тачи бара дополнителни гаранции дека по функцијата премиер ќе ја добие функцијата косовски претседател, што може дополнително да го одложи планираното формирање на институции.
Мустафа, од друга страна, бара меѓународни гаранции за функцијата премиер, пред да влезе во коалиција со ДПК, додека Тачи бара гаранции од Мустафа и ДСК дека нема да го „изигра“ кога во 2016 година ќе треба да стане претседател на Косово, пишува весникот „Коха Диторе“.
Според весникот поради тоа може да биде блокирано продолжувањето на конститутивната седница на парламентот, бидејќи партиите бараат за се да се гласа во пакет, на иста седница.
Весникот „Блиц“ на албански јазик наведува дека лидерот на ДПК Хашим Тачи и неговата партија имаат силна причина што се уште не изјавуваат дека премиерската позиција припаќа на лидерот на ДСК Иса Мустафа. Според весникот Хашим тачи нема да ја предаде позицијата премиер додека не добие гаранции за функцијата претседател на Косово.
Според извори од ДПК, Тачи не може да чека повеќе од година да дојде на чело на Косово, бидејќи до тогаш работите може да се променат, поради што се врши притисок претседателката на Косово Атифете Јахјага да поднесе оставка и на конститутивната седница да се гласа за претседател на собрание, претседател на Косово и премиер.
Вториот човек на ДПК Хајредни Кучи за „Блиц“ изјави дека се уште не се поделени ниту министерските ресори меѓу ДСК и ДПК.
Договорот ДСК-ДПК е постигнат пред седум дена, но се уште не се формирани косовските институции. Според претседателот на Косово Атифете Јахјага, Тачи и Мустафа инсистираат седницата на собранието на Косово да се закаже за 8 декември, додека таа смета дека тоа може да се изврши до крајот на годината.
Косово на 8 декември ќе одбележи шест месеци без институции, по изборите одржани на 8 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Жената на Хашим Тачи го изневерува со претседателот на Собранието, ама и тој не и останал должен!
-
Скандал го тресе косовскиот политички врв: Сопругата на Хашим Тачи во љубов со собранискиот спикер Весели
-
Тачи ги повика граѓаните да се воздржат од каква било провокации