| четврток, 6 декември 2018 |

Нередите во Фергусон – последица од политиката на власта во САД

фото ЕПА

фото ЕПА

Нередите во Фергусон во државата Мисури се последица на политиката на американските власти кои со векови не успеаја да постигнат целосна интеграција на белата и афроамериканската заедница и понесени од политичката коректност ја премолчуваа таа расна тема речиси 30 години, сметаат експертите.

Веднаш по огласувањето на пресудата на поротата, со којa е ослободен полицаецот убиец на тинејџер, во Фергусон почнаа нередите. Демонстрантите фрлаа на полицијата камења и шишиња. На местото на нередите излезе оклопна техника. Невооружениот тинејџер беше убиен во август оваа година, протестите по инцидентот повеќе пати прераснуваа во судири на демонстрантите со полицијата. Случајот доби национален и меѓународен одек.

ferguson1

Протестите во Фергусон се резултат на неуспешната политика на американската влада на сите нивоа, изјави за „Си-Ен-Ен“ професорот по политикологија од државата Охајо, Џејсон Џонсон:

– Зад фактот дека расниот состав на поротата многу влијае на конечниот резултат и дека полицијата премногу ретко носи одговорност по пукање на обоените Американци, стои нешто повеќе: целосна неспособност на владата на локално ниво, на ниво на федерална единица и дури на ниво на држава; одлуката на судот покажува сѐ што е направено денес во Америка.

Според ставот на политикологот, слабоста на граѓанското општество во Фергусон е една од причините за нередите. Политиката на раководството на федералната држава во дадена ситуација е најлесно да се претстави во вид на список на неуспеси: Националната гарда на Фергусон не беше подготвена како што треба, не беше именуван специјален обвинител за случајот на Дарен Вилсон, иако објективноста на обвинителот на округот беше доведена во прашање, изјави политикологот.

Protests continue over Michael Brown shooting

Што се однесува до администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама направи премалку или ништо за да им помогне на луѓето кои страдаат во Фергусон. Кога државата би ги исполнувала своите основни функции, насилството во Фергусон може да се спречи во голема мера и населението би имало поголема доверба во одлуките на судот, изјави Џејсон.

Водечкиот научен соработник на Институтот за проблеми за меѓународна безбедност РАН, Алексеј Фењенко, коментирајќи ги настаните во Фергусон, истакна дека тие се последица од политиката на САД во 70-тите години на минатиот век. Тогаш, Америка толку се занела во политичката коректност, па расните проблеми не било можно да се разгледуваат во американското општество – рече Фањенко.

Експертот подвлече дека расната тема е премногу табуирана во САД. Веќе се сметаше за некоректно да се разгледува расната тема, се сметаше опасно за политичката кариера. Но болеста, ако не се разгледува, никаде нема да исчезне; таа едноставно отиде во длабочина и постепено се зголемуваше внатре во американското општество, истакна тој.

Protests against shooting of Michael Brown continue

Според неговите зборови, проблемот се состои во тоа како сега да се врати наназад системот на политичка коректност, како отворено да се покрене дискусија за расните прашања, бидејќи тие речиси 30 години демонстративно беа премолчувани.

Според мислењето на Фањенко, немирите во Фергусон не се последни во САД:

Сепак, постои основно чувство дека црнечката заедница во Америка до денес не се чувствува конечно задоволена во актуелниот систем на американската државност, како што не се чувствува ни белата заедница, бидејќи во политиката постојат многу интензивни разговори дека власта многу го поддржува црнечкиот слој. Мислам дека тука е коренот на проблемите.

Гласот на Русија – Москва

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top