| четврток, 6 декември 2018 |

Трета седумка годинава на Новолото со рекордна добивка од 365 илјади евра

unnamed (1)

Вечерашното 95. коло на Новолото ја донесе третата седумка годинава, информираат од Државната лотарија. Уплатата на среќното ливче од Новолото  е извршена во продажното место ДООЕЛ- 15ка-88 во Битола.

Добитната комбинација во ова коло е : 1, 4, 5, 16, 19, 22, 30 и дополнителен број 25.

Претходно, 47. коло на Новолото емитувано на 11.06.14 му донесе среќа на добитник со уплата во Скопски Хиподром, а 18. коло емитувано на 01.03.14 од 20ч. на Сител телевизија ги донесе среќните 7 бројки кои интензивно ги посакуваат сите наши играчи како прва седумка оваа година. Среќениот добитник своето Новолото ливче од ова коло, го уплатил во продажното место Алберто А во скопски Чаир.

Според статистиките на Државна лотарија на Македонија, ова беше рекордна вредност на најпосакуваната премија седумка вредна над 365 илјади евра или фантастични 22.601.966,50 денари.

Според статистиката на Државна лотарија на Македонија, по Скопје, град кој најмногу игра НовоЛото 7/34 е Битола, а потоа следуваат Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Куманово, Струга, Кавадарци, Штип.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top