Ноќеска во Судамерикана куп во Јужна Америка, пандан на Лига на Европа, беше одигран реваншен дуелот во полуфиналето меѓу Сао Пауло од Бразил и Атлетико национал од Колумбија.
Во првиот натпревар одигран во Колумбија, Атлетико победи со 1-0. Во реваншот Сао Пауло со голот на Гансо успеа да дојде до победа и да се избори за продолженија и за пенали.
Двајца играчи на домаќините ги утнаа пеналите, едниствен кој успеа да погоди е најефикасниот голман на сите времиња ветеранот Рожерио Сени. Легендарниот голман без никаков проблем погоди во втората серија и ги остави во живот своите, но по него во третата серија утна и Толои, односно неговиот пенал го одбрани голманот на Атлетико.
Во финалето Колумбијците го чекаат победникот од аргентиското суперкласико меѓу Бока јуниорс и Ривер плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)