| четврток, 6 декември 2018 |

„Дамата со камелии“ в петок на сцената на МОБ

В петок, 28 ноември, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди.

„Дамата со камелии“ е најновата балетска продукција, која својата премиера ја имаше на 31 октомври. Кореографијата е на гостинот од Русија, Василиј Медведев, прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка. Во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алксова-Атанасовска и Бобан Ковачевски. Настапуваат, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top