Бугарскиот дебитант во Лигата на шампионите, екипата на Лудогорец приреди изненадување во Софија во свој стил со гол во финишот и извлече реми, 2-2 против Ливерпул.
Гостите водеа со 2-1, но Терзиев не дозволи пораз на Лудогорец и со погодок во 88. минута ги продолжи надежите на Лудогорец за пласман во следната фаза. Во Б групата Реал Мадрид со 71. погодок на Роналдо во Лигата на шампионите го победи Базел со 1-0 и со максимален учинок од 15 бода сигурно оди понатаму.
На кралскиот клуб кој ја брани и титулата вечерва му се приклучија и Арсенал со победа од 2-0 против Борусија Дормтунд, потоа и Атлетико Мадрид со убедлив триумф од 4-0 над Олимпијакос и Баер и покрај поразот од 0-1 со Монако.
Резултати: Зенит – Бенфика 1-0, Баер – Монако 0-1, Базел – Реал 0-1, Лудогорец – Ливерпул 2-2, Атлетико – Олимпијакос 4-0, Малме – Јувентус 0-2, Арсенал – Борусија Д. 2-0, Андерлехт – Галатасарај 2-0.
Табели: Група А: Атлетико Мадрид 12, Јувентус 9, Олимпијакос 6, Малме 3.
Б група: Реал 15, Базел 6, Ливерпул и Лудогорец по 4 бода.
Ц група: Баер 9, Монако 8, Зенит 7, Бенфика 4.
Д група: Борусија Д. 12, Арсенал 10, Андерлехт 5, Галатасарај 1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.