| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен скопјанецот кој ги избодe со нож двете момчиња во Ново Лисиче

Полицијата вчера го привела насилникот кој минатата недела прободе две момчиња во скопско Ново Лисиче.

Според информациите до кои дојде „Прес24“ станува збор за 18 годишно момче од Скопје кое вечерта присуствувало на забава во соседената зграда. Според информациите, приведениот бил во алкохолизирана состојба и повраќал на плочникот пред зградата. Двете момчиња од скопската населба Лисиче кои џогирале во близина, пришле за да му помогнат по што тој им нанел убоди со нож, по што побегнал.

Двете момчиња беа префрлени во болница, а едното беше во критична состојба но за среќа го преживеа нападот.

Осомничениот вчера бил изведен пред судија на претходна постапка кој му одредил 30 дневен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top