| четврток, 6 декември 2018 |

Страотна сообраќајка утринава во Скопје, загина мотоциклист во Ново Лисиче

Утринава околу 7 часот загина мотоциклист во скопската населба Ново Лисиче, објавено е на Фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам.

Според очевидци објави телото на загинатиот мотоциклист се уште стои на улицата додека трае увидот на полициските екипи.

Сообраќајката се случила пред црквата во Ново Лисиче од страната на Аеродром.

Засега не е познат идентитетот на загинатиот.

Повеќе детали ќе бидат објавени наскоро.

ФОТО: Фејсбук/Ѕид на сообраќајниот срам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top