| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се гради нова детска градинка во Ново Лисиче

Општина Аеродром објави тендер за изградба на нова детска градинка во рамки на градинката „Буба Мара“ во населбата Ново Лисиче со капацитет за згрижување на повеќе од 250 деца.

Новиот објект ќе има приземје и еден кат со вкупна површина од околу 1.200 квадратни метри. Во рамки на приземјето се предвидени четири занимални за деца од две до четиригодишна возраст. На катот се предвидени две занимални, односно јасли за деца до две години, како и две занимални кои можат да ја менуваат својата функција за возраста на децата зависно од потребата. Објектот на двата ката ќе има сопствени санитарни јазли и кујни, како и канцеларии и гардероби.

Според градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, објектот ќе биде енергетски ефикасен, а материјалите за изградба ќе бидат еколошки прифатливи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top