| четврток, 6 декември 2018 |

Реисот Реџепи: „Ролекс“ часовник имам, но сам си го купив, а хотел во Улцин немам

Реисот Сулејман Реџепи  ги демантираше информациите кои ги пренесе порталот Доказ, според кои тој поседувал луксузен хотел во Улцин и добил подарок часовник „Ролекс“ кој чини 36 илјади евра.

Sulejman-Redzepi-Rejs-740x320-top

Реисот потврди дека на раката носи часовник од познатиот бренд „Ролекс“, но не од тие најскапите што чинат 36 илјади евра. Реџепи вели дека тој часовник што го носи си го купил сам од Саудиска Арабија.

Од ИВЗ тврдат и дека на име на член од семејството на Реџепи од летоска има и хотел во Улци кој го купил реисот. И ова тврдење тој го оцени за „Либертас“ како глупава измислица.

reis dugacka

– Да, јас редовно, секоја година одам со внучињата во Улцин. Ги сакам плажите и песокот таму и одам и за себе и за децата – вели тој.

Извори за порталот Доказ.мк од ИВЗ рекле дека поседуваат многу докази за неправилности и злоупотреби што во седиштето ги прави реисот,неговиот син кого го вработил таму и уште неколкумина лојални на поглаварот. Реисот утрово се што досега тие изнесоа во јавност го отфрли како “лага“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top