Реисот Сулејман Реџепи ги демантираше информациите кои ги пренесе порталот Доказ, според кои тој поседувал луксузен хотел во Улцин и добил подарок часовник „Ролекс“ кој чини 36 илјади евра.
Реисот потврди дека на раката носи часовник од познатиот бренд „Ролекс“, но не од тие најскапите што чинат 36 илјади евра. Реџепи вели дека тој часовник што го носи си го купил сам од Саудиска Арабија.
Од ИВЗ тврдат и дека на име на член од семејството на Реџепи од летоска има и хотел во Улци кој го купил реисот. И ова тврдење тој го оцени за „Либертас“ како глупава измислица.
– Да, јас редовно, секоја година одам со внучињата во Улцин. Ги сакам плажите и песокот таму и одам и за себе и за децата – вели тој.
Извори за порталот Доказ.мк од ИВЗ рекле дека поседуваат многу докази за неправилности и злоупотреби што во седиштето ги прави реисот,неговиот син кого го вработил таму и уште неколкумина лојални на поглаварот. Реисот утрово се што досега тие изнесоа во јавност го отфрли како “лага“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апелациија демантира: Наводите од Груевски се груба невистина и манипулација со јавноста
-
Демант: „Авалон продукција“ одлучува со која фирма ќе работи и склучува договори
-
ЕЛЕМ: Бесијана Џафери и Димитар Грчев имаат завршено високо образование
-
Хаџи-Лега бара јавно извинување од Викторија Јовановска: Мојата квалификација како плагијатор е измислена и доаѓа од некомпетентна личност




