| четврток, 6 декември 2018 |

Памела Андерсон ќе се занимава со политика

GTY_pamela_anderson_ml_140630_1_16x9_992

Американската актерка и модел Памела Андерсон, одлучила да се позанимава со политика. Тоа го раскажал близок пријател на ѕвездата, чие име не се соопштува. Андерсон посакала да се посвети на добротворителна и политичката активност, откако минатиот месец почина нејзиното куче Џо.

464431217_1280

– Таа веќе многу години се занимава со заштита на правата на животните, но по смртта на Џо, реши дека сака да го посвети остатокот од животот на добротворителни активности и политиката, соопштил изворот.

Андерсон повторно е заедно со нејзиниот сопруг Рик Саломон, со кого беше скарана пред неколку месеци. Тоа и помогнало да се среди по смртта на нејзиното домашно милениче. Сега актерката е подготвена да се посвети на политиката.

Во јули излезе информација, дека Памела Андерсон и филмскиот продуцент и професионален играч на хокеј Рик Саломон, одлучиле да се разделат. Тоа ќе беше втор развод за двојка. Прв пат двајцата имаа криза во бракот во 2008 година, по помалку една година во брак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top