| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва најинтересно во Гелезенкирхен, Манчестер и Москва во Лигата на шампионите

Вечерва на стадините ширум Европа се играат натпреварите од петтото коло во групите Е, Ф, Г, Х во Лигата на шампионите.
Некои од тимовите веќе обезбедија пласман во следната рунда, а некои допрва треба грчевито да се борат за да го сторат тоа.
Најинтересно се очекува да биде на натперварите во групата Е каде се среќаваат Манчестер Сити и Баерн Минхен односно ЦСКА Москва и Рома.
На табелата води Баерн Минхен со максимален ефект од четири победи е сигурен патник, додека останатите три тима подеднакво ќе се борат за второто место кое води во осминафиналето.
ЦСКА ја пречекува Рома, а двата тима имаат по четири бода на второто и третото место. Манчестер Сити успеа да освои само два бода во четирите кола, и со евентуална победа вечерва на домашен терен над гигантот Баерн Минхен ќе се вмеша во борбата за второто место.

Уште еден интересен натпревар ќе одиграа тимовите на Шалке и Челси. Во првиот дуел во групата Г во Лондон, Шалке направи изненадување и успеа да освои бод. Реваншот во Гелзенкирхен има големо значење за Шалке бидејќи со евентуална победа ќе се остане на едно од првите две места, додека во вториот дуел тимот на Агим Ибраими, Марибор, гостува во Лисабон против Спортинг и ќе се обиде да направи изненадување и повторно непоразен да си замине дома.

Во останатите натпревари се среќаваат:

Бате Борисов – Порто (18 часот)
ЦСКА Москва – Рома (18)
Апоел Никозија – Барселона (20.45 часот)
Манчестер Сити – Баерн Минхен (20.45)
ПСЖ – Ајакс (20.45)
Шалке – Челси (20.45)
Шахтар – Атлетико Билбао (20.45)
Спортинг – Марибор (20.45)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top