| четврток, 6 декември 2018 |

Аеродромци водат во број на склучени бракови, во Центар најмногу разводи

Во третиот квартал од годинава, на територијата на Скопје најголем број разводи и умрени доенчиња се забележани во општина Центар, објави Државниот завод за статистика.

statistika skopje

 

Во Центар се евидентирани 16 умрени доенчиња од вкупно 30, а бројот на разведени бракови во оваа општина изнесува 33 од вкупно 506 за третото тримесечје од годинава.

Според податоците, најмногу деца се родиле во скопската населба Чаир, вкупно 323, а општина Аеродром води со најголем број на лица кои стапиле во брак, односно забележани се 144 бракови од вкупно 1003 на територијата на Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top