Мерилин Монро изгледа била во право кога на спиење одела облечена само во неколку капки „Chanel“.
Да спиеме голи е здраво, а не само секси.
Ако сакаме да се заштитиме од дијабетес, мора да ги заборавиме ноќниците и пижамите. Според истражувањето на американската Национална фондација за спиење, 30 проценти од Американците спијат голи во кревет. Тоа им носи и неспорни бенефиции. На овој начин сонот станува многу здрав.
При заспивање, телесната температура треба да падне за половина степен. Ова најдобро се постигнува кога сме без ноќница или пижами. Мозокот кој прима сигнали од нашиот внатрешен часовник, им наредува на крвните садови да се прошират и да испуштаат топлина. Нашата телесна температура е на највисоко ниво во 11 часот и на минимум во 4 часот по полноќ, утврдиле експертите.
Спиењето голи ни помага да стекнеме поголеми количини кафеави масти. Тие за возврат ни помагаат да го согоруваме вишокот калории за време на спиењето. При овој процес правилно се регулира лачењето на инсулин во организмот, што не штити од дијабетес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.