| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто треба да јадете чоколадо?

Од сите благи задоволства, највкусното од сите, неговото величество чоколадото нуди огромни користи кои одат во полза на вашето здравје. Ова првенствено се однесува на црното чоколадо.

Кои се придобивките од конзумирање црно чоколадо?
1. Го намалува крвниот притисок и ја подобрува работата на крвните садови, ефектот е поголем доколку консумирате чоколада кои содржат голема количина на какао.
2. Помага во процесот на слабеење. Вие побргу слабеете благодарение на антиоксидансите кои го забрзуваат вашиот „заспан“ метаболизам.

3. Го подобрува расположението. Додека јадеме чоколадо нашиот мозок испушта истхормон како кога сме вљубени, а тоа е серотинот хормонот на среќа.

4. Здрава кожа. Црното чоколадо е вистинскиот елексир на младоста. Редовното консумирање во мали количини ( 8 коцки на ден ) и вашата кожа ќе биде нежна како свила и заштитена од УВ зраците.

5. Ги зголемува когнитивните способности. Црното чоколадо влијае врз работата на мозокот, го подобрува протокот на крв низ мозокот а со тоа мозокот е секогаш спремен за предизвиците на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top