Во англиската Премиерлига фудбалерите се познати по тоа што играат брз фудбал и претрчуваат најмногу километри за разлика од другите лиги. Во изминатиот период фудбалери кои што многу трчаат се издвоени Алексис Санчез, Анхел ди Марија и Диего Коста.
Сепак, во споредба на Џорџ Бојд супер-ѕвездите на Премиер лигата не претрчале ништо.
На саботниот меч Барнли-Стоук (2:1), Бојд постави рекорд оваа сезона по истрчани километри на еден натпревар. Крилниот напаѓач на Барнли на овој натпревар претрчал 13,34 километри.
Пред него, рекордер беше Гилфи Сигурдсон кој, најнапред на мечот Свонси – Барнли претрча 13,03 километри, а потоа тој рекорд го поправи на мечот Свонси-Манчестер Јунајтед претрчувајќи 13,18 километри.
Сите оние кои ја сакаат статистиката, еве ги десетте фудбалери кои претрчале најмногу на еден натпревар во Премиер лигата.
1. Џорџ Бојд – Барнли-Стоук 13,24 километри
2. Гилфи Сигурдсон – Свонси – Манчестер Јунајтед 13,18 километри
3. Гилфи Сигурдсон Свонси – Барнли 13,03 километри
4. Џорџ Бојд – Барнли – Хал Сити 12,98 километри
5. Морган Шнидерлин – Саутемптин – Њукасл 12,93 километри
6. Кристијан Ериксен – Тотенхем – Њукасл 12,89 километри
7. Матју Фламини – Арсенал – Лестер 12,84 километри
8. Дин Хамонд –Арсенал – Лестер 12,84 километри
9. Џорџ Бојд – Барнли – Вест Хем 12,79 километри
10. Џејмс Милнер – Манечстер Сити – Астон Вила 12,77 километри
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.