| четврток, 6 декември 2018 |

Санирана кулата на Јордан Пиперката во село Брезово

unnamed (1)

Со поддршка на Министерството за култура реализиран е проектот за санација и конзервација на кулата на истакнатиот македонски револуционер Јордан Пиперката во село Брезово, Демир Хисар.

Со цел заштита на овој значаен објект кој останал сочуван поради својата специфична градба, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола во изминатиот период го реализираа проектот за негова санација и конзервација. Во рамките на заштитните интервенции извршена е санација на севрно- источниот темел, санирани се северниот и источниот ѕид, извршена е реконструкција на натстрешницата и конзервација на влезните партии, а поставен е и нов покрив. Користени се традиционални градежни материјали и техники карактеристични за тој период.

unnamed (2)

Кулатa која за време на илинденскиот период се користела за одбрана на селото Брезово е изградена 1530 година, а нејзиното настанување кораспондира со историскиот развој на ова демирхисарско село. Планирано е одбранбената кула внатрешно да се уреди во мал музеј кој ќе биде посетен од домашни и странски гости.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top