Во продавниците во Русија се појави нова серија чоколади со ликот на претседателот Путин, пишуваат руските медиуми.
На една од пакувањата на десертот е прикажан рускиот претседател како го прегрнува кученцето, кое му го подари бугарскиот премиер Бојко Борисов во 2010 година. Другата чоколада е украсена со слика на Путин како храни еленче.
Чоколадата „претседател“ се нуди во три варијанти: „нежен“, „добар“ и „горчлив“, а на пакувањето на чоколадата пишува дека со купување на овој комплет чоколади, го зголемувате БДП на земјата.
Самиот Владимир Путин повеќепати изјави дека не ја одобрува комерцијализација на неговиот лик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.