| четврток, 6 декември 2018 |

Чоколада со ликот на Путин за зголемување на БДП

edf549e0b81e54ea9d5a54659b9cd12e

Во продавниците во Русија се појави нова серија чоколади со ликот на претседателот Путин, пишуваат руските медиуми.

На една од пакувањата на десертот е прикажан рускиот претседател како го прегрнува кученцето, кое му го подари бугарскиот премиер Бојко Борисов во 2010 година. Другата чоколада е украсена со слика на Путин како храни еленче.

Чоколадата „претседател“ се нуди во три варијанти:  „нежен“, „добар“ и „горчлив“, а на пакувањето на чоколадата пишува дека со купување на  овој комплет чоколади, го зголемувате БДП на земјата.

Самиот Владимир Путин повеќепати изјави дека не ја одобрува комерцијализација на неговиот лик.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top