| четврток, 6 декември 2018 |

Слободно пријавете се: Се бараат кандидати за да дегустираат чоколадо

Една од водечките компании за чоколадни производи во светот бара човек кој ќе ги дегустрира нејзините производи и ќе ги проценува.

Фирмата Mondelez, која ја поседува Milka, Cadbury’s, Oreo и др., сака да ангажира дегустатор на чоколадо, пишува „Дејли мејл“.

Човекот ќе треба да работи само седум и пол часа неделно меѓу вторниците и четвртоците. Од него ќе се бара да тестира чоколадо и други производи со какао, да го споделува своето мислење и да дава предлози за промени и подобрувања кои тим од специјалисти ќе ги дискутира понатаму.

Од компанијата додаваат дека не е задолжително кандидатите да имаат претходно искуство во оваа индустрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top