| четврток, 6 декември 2018 |

Возачот на БМВ: Не знам зошто го бакнав Милош пред да го затворам багажникот

569

Автомобилската несреќа се случи во саботата во раните утрински часови, полициските нуркачи возилото го нашле 15 метри од местото каде што слетало во Дунав.

„Милош ми беше најдобар другар. Таа ноќ инсистираше да се превезе во багажникот бидејќи во автомобилот немаше место за сите нас. Малку пред несреќата застанав и го отворив багажникот за да проверам како му е и дали може да се вози така. Не знам зошто, но го бакнав во чело и го затворив багажникот“, рекол во своето сведочење возачот на БМВ, Душан Јовановиќ.

565

Освен Милош, загина и Анастасија Стајиќ (17), која била во врска со Милош и нивниот другар Немања Антиќ (18). Од автомобилот успеале да се спасат осумнаесетгодишните Душан Јовановиќ, Милица Јокиќ, како и синот на водителката Оља Бечковиќ, Лука Вишњиќ.

dusan-jovanovic-milos-jankovic-anastasija-stajic-nemanja-antic-dusan-jovanov-1416870567-593133

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top