Бразилска двојка додека се возела на мотоцикл налетала на автомобил. Жената паднала на земја, а мажот останал да стои на нозе. Кога сфатиле дека преживеале, страсно се бакнале пред очевидците, пишува „Дејли мирор“.
Овој момент бил снимен со надзорната камера на трговец што се наоѓал во близина.
„Многупати ме краделе, па решив да поставам камера. Додека ги прегледував снимките, видов како двојката страсно се бакна откако се случи несреќата, а, за среќа, преживеа“, изјавил сопственикот на продавницата. Сметал дека овој момент е вреден да го подели со јавноста, па снимката ја проследил до медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун