„Форбс“ објави листа со млади музичари и глумци кои најмногу заработуваат, а прв на таа листа е Џастин Бибер (20) со 80 милиони долари.
Втори на листата се членовите на „Уан дирекшн“, просечна старост од 21 година, кои заедно заработиле 75 милиони долари. Трета е Тејлор Свифт (24) со 64 милиони, а четврт е Бруно Марс (29) со 60 милиони долари.
Ријана е петта со 26 години и 48 милиони, а Мајли Сајрус (22) шеста со заработка од 36 милиони. На листата е една глумица, а тоа е Џенифер Лоренс (24) со заработка од 34 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.