По тримесечно заседавање, обвинителството на округот Сент Луис соопшти дека полицаецот нема да биде судски гонет затоа што немало доволно причини за судско гонење.
Убиството на момчето покажа во која мера расизмот сѐ уште е присутен во САД и на груб начин ги откри затегнатите односи во малото гратче со мнозинство црно население и полиција во која мнозинството се белци.
Набрзо откако била објавена одлуката, американскиот претседател и семејството на Мајкл Браун ги повикале демонстрантите незадоволството да го изразат на мирен начин, а полицијата да се воздржи од жестоки реакции. Но, полицијата била принудена да употреби солзавци за да ги растера демонстрантите.
Семејството на убиеното момче изразило длабоко разочарување поради фактот дека нема судски да се гони убиецот на нивниот син, но повикале на мир.
Обама, исто така, повикал на смирување на страстите.
– Ние сме држава која се темели на почитување на законите – рекол Обама во кратката изјава и додал дека во многу делови на САД сѐ уште владее голема недоверба меѓу силите на редот и припадниците на заедниците со друга боја на кожата истакнувајќи дека таквата состојба мора да се промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.