Ким Кардашијан планира второ дете, откриваат извори блиски до ѕвездата. Сопругата на Кање Вест е во преговори со сурогат-мајка, која ќе го износи нивниот наследник.
„Таа многу сака уште едно дете, но не сака да си ја расипува фигурата повторно“, издава пријателка на Ерменката. Токму поради тоа, Кардашијан одлучила нејзиното второ дете да биде износено од сурогат-мајка.
Според информациите, следниот месец работите официјално ќе бидат финализирани и идниот брат на Норт Вест ќе биде зачнат. Деновиве Ким се појави гола на насловната страница на популарното списание „Paper“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.