„Ловецот на џихадисти“ , 41-годишниот Димитри Бонтинчк, објавил информации кои, доколку се вистинити, треба да ја загрижат целата европска јавност. Неговите тврдења следуваат откако високи функционери на Велика Британија, исто така, утврдиле дека се речиси неизбежни жртви од напади на ИСИС врз цивили во Европа, пишува „Дејли меил“.
– Главна опасност не се децата, туку шефовите кои никогаш не ги гледате на снимките. Зрелите мажи кои ја водат оваа организација се вистинските злосторници и се многу добро финансирани, а фрлиле око на европските држави, како што се Британија, Франција и Белгија – вели Димитри.
Нивната цел е да му се одмаздат на Западот за она што го гледаат како напад врз нив, а ќе нападнат кога ќе бидат подготвени, вели 41-годишниот маж кој од пеколот на џихадистите го спасил својот син.
Многу влијателни извори ми кажаа дека имаат „ќелии на спијачи“ во Европа и дека имаат цел да ги активираат кога ќе ја почнат војната против Европа, вели тој.
Тој извршил седум мисии на спасување млади од подрачјата кои се под контрола на ИСИС, а меѓу нив бил и неговиот 19-годишен син Јејоен. Тинејџерот бил одгледан во католичко семејство и посетувал језуитско училиште, а но на 15 години се преобратил во ислам откако се вљубил во муслиманка. Кога заминал во Сирија на родителите им рекол дека оди со пријателите на одмор во Холандија. За време на спасувањето на синот Бонтинчк остварил врски со радикалите и други влијателни играчи во Исламската држава, а за спасувањето ја употребил својата преговарачка вештина научена додека бил активен во белгиската војска.
И тој и високите државни должници во Британија тврдат дека потенцијалните напади би можеле да бидат реализирани во облик на ненадејно отсекување глави на случајно одбран минувач во преполн трговски центар, или на улица, но и со поставување бомби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)
-
Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа