Тренерот на Челзи, Жозе Мурињо верува дека неговиот тим е подготвен да го сруши сопствениот рекорд во Премиер лигата по бројот на постигнати голови.
Лондонскиот клуб сезоната 2009/2010 под водство на Карло Анчелоти ја освои шампионската титула со 86 бодови, притоа фудбалерите на Челзи постигнаа 103 постигнати голови, во просек по 2,7 по натпревар.
„Не се сеќавам дека некој тим имал подобар почеток на сезона во некое првенство. Можеби кога со Реал на крајот освоивме повеќе од 100 бодови. Верувам дека овој тим може да го повтори тој успех. Очекувам да продолжиме во ист ритам. Овој тим на Челзи има нешто посебно’’, изјави за „Дејли Мирор„ менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо.
Во тековната сезона, Челзи кој е убедливо на првото место на табелата со 32 бодови, 7 повеќе од второ рангираниот Саутемптон, досега на 12 натпревари има постигнато 30 голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Абрамович ќе ги продаде најголемите ѕвезди, од Челзи си заминуваат дури девет играчи!?
-
Остри критики кон Мурињо: Ако има доволно пари, нема потреба повеќе да пречи, нека се откаже
-
Мурињо: Тоа не беше казна, не е страшно ако Погба еден натпревар е на клупа
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед


