Една членка на контроверзната асоцијација „Фемен“ попладнево со голи гради на олтарот од катедралата во Стразбур, протестираше против политичкиот карактер на посетата на папата Франциск на европските институции.
„Папата не е политичар“, беше напишано на англиски на грбот на жената, која на своите гради имаше напишано „Европа анти-лаичка“. Жената, со традиционална украинска фризура и со европско знаме во рацете, една минута стоела пред олтарот во катедралата, а потоа мирно исчезнала во толпата од посетитетли, без притоа да биде запрена.
Папата Франциск утре доаѓа во неколкучасовна посета на европските иснтитуции со седиште во Стразбур – Европскиот парламент и Советот на Европа.
Како што се дознава, папата кој доаѓа во Јужна Америка, ќе побара од земјите од „стариот континент“, да останат и натаму отворени за странците и ќе се заложи за правда во светот. Папата треба да одржи два говора, во Европскиот парламент и Советот на Европа, а според последните сознанија од програмата, не е предвидено да ја посети катедралата која го одбележува илјадолетието од почетокот на нејзината изградба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


