Еден од најдобрите играчи на светот и член на Манчестер сити, Јаја Туре го објави својот идеален состав на најдобрите 11 играчи во историјата.
Во него нема ниту еден играч од неговиот клуб Манчестер сити, а го нема ни најдобриот играч за минатата сезона, Кристијано Роналдо.
Во формација 4-1-3-2 Туре на голот му даде предност на поранешниот француски репрезентативец Фабиан Бартез.
Во последната линија од одбраната се најдоа Паоло Малдини, Франц Бекенбауер, Франко Барези и Кафу.
Последниот човек за врска е Патрик Вјеира, додека зад напаѓачите е триото, Диего Армандо Марадона, Зинедин Зидан и Лионел Меси.
Напаѓачи се Пеле и Роберто Баџо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси
-
Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија
-
Хет – трик на Агуеро за нова победа на Манчестер Сити (видео)
-
Гвардиола: Сити фаворит за титулата во Лигата на шампионите, не знаев дека Меси игра за нас