Во местото Меѓуречје, на патот Подгорица-Колашин утрово дојде до сообраќајна несреќа, кога од засега непознати причини, теренско возило од марката „нисан“, со подгорички регистарски таблици излетал во кањонот Морача, во провалија длабока околу 50 метри, јавуваат црногорските медиуми.
Според неофицијални информации, полицијата по доаѓањето на местото на несреќата забележала две безживотни тела, машко и женско, чиј идентитет засега не е познат.
Исто така, полицијата утврдува дали во возилото имало уште лица.
– Полицијата по примената информација дека дошло до несреќа се упатила на местото на несреќата. Увидот е во тек – изјавиле во полиција.
На лице место се екипи на полицијата, Итна помош и припадници на службата за спасување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун