| четврток, 6 декември 2018 |

СМК го поздравува договорот меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за Кичево и Струга

Од СМК ги повикуваат граѓаните на овие општини да излезат масовно на изборите на 24 март.

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го поздравува договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за заеднички листи за градоначалници и советници на локалните избори во општините Кичево и Струга и ги повикува граѓаните на овие општини да излезат масовно на изборите на 24 март. Во таква констелација на односите дд СМК веруваат во безусловна победа на кандидатите за градоначалници и советници од заедничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

todor petrov

–  Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Кичево и Струга не е антиалбански сојуз, туку повтрда дека Македонците се фактор кој одлучува на целата територија на државата Македонија кога постои цврста волја за единство и победа. Локалната власт и досега потврди дека ги решава локалните проблеми на сите граѓани независно од нивното етничко потекло, верско уверување и политичка припадност, така ќе остане и во иднина – сметаат од Конгресот.

Тие додаваат дека договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Струга и Кичево е морална корекција на грешките од последната територијална организација на локалната самоуправа, кога неприродно а политички мотивирано беа утврдени границите на единиците на локалната самоуправа со единствена цел промена на етничкиот состав на населението на штета на Македонците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top