Тренерот на Штутгарт, Армин Фех, поднесе оставка откако вчера загуби од Аугзбург со резултат 1:0, по што бундеслигашот остана на дното на табелата.
Фех, кој го предводеше Штутгарт пред седум години до шампионскиот трофеј во германското првенство, повторно го презеде клубот на почетокот на сезоната, но по три порази во серија, и при тоа без постигнат гол, реши да го напушти тренерското место.
– Ова беше тешка одлука поради тоа што и тимот и играчите ми беа при срце. Сепак, само девет бода од 12 натпревари е премалку – изјави Фех во образложението на оставката.
Се очекува клубот во најскоро време да назначи нов тренер кој ќе се обиде да го извлече Штутгарт од незавидната ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.