| четврток, 6 декември 2018 |

Карванот на саеми за вработување во Струмица!

Утре, вторник (25.11), карванот на саеми за вработување, во организација на Агенција за вработување на Република Македонија, продолжува во Струмица. На него ќе се претстават повеќе од 40 компании.

Со ова, продолжува карванот саеми за вработување, во организација на Агенција за Вработување на Република Македонија. Агенцијата, на овој начин, верува дека ќе успее да помогне при дополнителното доближување на компаниите и на граѓаните, како легитимна понуда и побарувачка на пазарот на труд.

На саемот ќе се обрати директорот на Агенција за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски. Дополнително, во рамки на саемот свои излагања и презентации ќе имаат дел од компаниите-учеснички.

Саемот за вработување е со почеток во 11.00 часот и ќе биде отворен за посетители сѐ до 15.00 часот. Место на одржување е Домот на култура „Антон Панов“ во Струмица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top