| четврток, 6 декември 2018 |

Како пресликани: Славните актери и нивни роднини

Сличноста меѓу овие познати личности и нивните сестри и браќа е неверојатна. Уверете се и сами.

nikol i antonija kidman

НИКОЛ И АНТОНИЈА КИДМАН

Никол и Антонија имаат многу слични црти на лицето, речиси им се идентични носот и усните. Кариерата на холивудската актерка ни е многу позната, а на телевизиската публика во Австралија, добро им е позната Антонија.

Сестрата на актерката е многу успешно телевизиско лице во Австралија и е добитник на награда за најдобар телевизиски водител, како и на наградата АСТРА која ја доделува  австралиска кабловска телевизија за најомилена телевизиска личност.

uma i dechen turman

УМА И ДЕКХЕН ТУРМАН

Актерката потекнува од големо семејство и има тројца браќа и една полусестра. Најслична е со Декхен. Всушност таа и нејзиниот брат се како близнаци.

andzelina dzoli i dzemjs

АНЏЕЛИНА ЏОЛИ И ЏЕЈМС ХЕЈВЕН

Анџелина Џоли и нејзиниот брат Џејмс неверојатно потсетуваат еден на друг. Тие двајца ја вознемирија светската јавност кога се бакнаа страствено во 2000 година на доделувањето на наградата „Оскар“.

Тие двајца по 10 години пауза од заедничките настапи, се појавиле заедно на премиерата на филмот на Анџелина „Во земјата на крвта и на медот“.

penelope i monika kruz

ПЕНЕЛОПЕ И МОНИКА КРУЗ

Сестрите Круз се многу слични една на друга. Двете имаат остварено филмски кариери, а зад себе имаат и неколку модни кампањи. Големите модни куќи добро процениле дека рекламите со сестрите Круз многу ќе им се исплатат.

kifer i rejcel saterlend

КИФЕР И РЕЈЧЕЛ САТЕРЛЕНД

Уште на прв поглед се гледа дека Рејчел и Кифер се брат и сестра. Оваа фотографија покажува дека тие двајца имаат многу наследено од својата мајка Ширли Даглас, со која присуствувале на доделување награди во Торонто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top