| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски нема да си оди од СДСМ

Само пред неколку недели Груевски јавно му порача на Црвенковски да остане на лидерската позиција на СДСМ. Груевски рече дека секој би поскакал да го има противник како Црвенковски за големиот габарит на како што ги нарече лоши и погуби дела за државата

Бранко Црвенковски, лидерот на СДСМ нема да си замине од лидерското место во партијата и своето останување не го услови ниту од резултатите од претстојните локални избори, ниту од мајскиот конгрес на партијата. Тој директно му се обрати и на Никола Груевски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ и премиер на Македонија.

Branko Crvenkovski kongres

–  Е не си одам Никола. Не си одам дури не те видам тебе и твоите политики поразени. Тоа му го должам на мојот народ, тоа им го должам на моите деца, и тоа си должам на себе. Ова не се обични локални избори. Дајте овие локални избори да бидат најава за предвремените парламентарни избори – изјави денеска Црвенковски во Универзалната сала во Скопје каде што Јани Макрадули беше промовиран како кандидат за градоначалник на СДСМ.

sdsm

Само пред неколку недели Груевски јавно му порача на Црвенковски да остане на лидерската позиција на СДСМ. Груевски рече дека  секој би поскакал  да го има противник како Црвенковски за големиот габарит на како  што  ги нарече лоши и погуби дела за државата.

-Време е за промени, а на Скопје и неговите граѓани им личи промените да почнат токму од тука. Скопје треба да избере меѓу злодела и визија за паметен  модерен град – рече тој.
sdsm2
Негови приоритети во мандатот би биле Скопје да не е најзагаден град, изградба на 500.000 метри квадартни нови зелени површини и гасификација на градот.
– И тоа не е ветување, тоа знам да го направам. Младите не мора да бараат туѓи пасоши – изјави Макрадули.
sdsm5
Пред членството на опозицискиот сојуз  промовирани беа  и останатите кандидати за градоначалници  на скопските општини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top