Бранко Црвенковски, лидерот на СДСМ нема да си замине од лидерското место во партијата и своето останување не го услови ниту од резултатите од претстојните локални избори, ниту од мајскиот конгрес на партијата. Тој директно му се обрати и на Никола Груевски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ и премиер на Македонија.
– Е не си одам Никола. Не си одам дури не те видам тебе и твоите политики поразени. Тоа му го должам на мојот народ, тоа им го должам на моите деца, и тоа си должам на себе. Ова не се обични локални избори. Дајте овие локални избори да бидат најава за предвремените парламентарни избори – изјави денеска Црвенковски во Универзалната сала во Скопје каде што Јани Макрадули беше промовиран како кандидат за градоначалник на СДСМ.
Само пред неколку недели Груевски јавно му порача на Црвенковски да остане на лидерската позиција на СДСМ. Груевски рече дека секој би поскакал да го има противник како Црвенковски за големиот габарит на како што ги нарече лоши и погуби дела за државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.