| четврток, 6 декември 2018 |

Олимпик Марсеј се врати на врвот

Во неделата вечер во француската Лига 1 секогаш се игра дербито на колото, а во 14. коло тоа беше натпреварот меѓу Олимпик Марсеј и Бордо, кое му припадна на домаќинот со резултат 3-1.

Со овој триумф Олимпик се врати на првата позиција со еден бод пред шампионот ПСЖ, кој во петокот барем привремено се искачи на врвот на табелата.

 

Иако гостите први поведоа со голот на Туре, нивната радост не треаше долго бидејќи по само 5 минути игра Лемин го израмни резултатот. Домаќините се мачеа до 85. минута кога Жињак ги донесе во водство, а конечниот резултат го постави Батшуи во 90. минута.

Резултати од 14. коло во Лига 1: Олимпик Марсеј – Бордо 3:1, Монпелје – Тулуз 2:0, Нант – Сент Етиен 0:0, Генгамп – Рен 0:1, Лориен – Ленс 1:0, Монако – Каен 2:2, Ница – Ремс 0:0, Бастија – Олимпик Лион 0:0 и Мец – ПСЖ 2:3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top